Кумановци во финишот спречија изненадување против Маџари, Кожув ја доби драмата во Кавадарци

Новиот прволигаш екипата на Маџари беше пред изненадувачка победа на гостувањето против Куманово во 2. коло од Првата македонска кошаркарска лига, но домашните спречија изненадување во последната четвртина благодарение на неверојатниот пресврт за триумф од 82-76.

Маџари имаше максимално контрола на играта и резултатот во првото полувреме добивајќи го убедливо со 32-46. Но, потоа почна играта на кумановци во вториот дел, кои последната четвртина ја добија со 28-14, за на крај триумф од 82-76.

Најефикасен во победничкиот тим беше Радукиќ со 26 поени, Стевановиќ заврши со 22 поени а Луковиќ постигна 16 поени. Во составот на Маџари се издвои Хот со 22 поени, а Грин и Димчевски постигнаа по 15 поени.

Виистинска драма се случуваше на дуелот во Кавадарци каде Кожув славеше против Тиквеш со 70-72.

Родни Парвис беше најдобар кај гевгеличани со 18 поени, а Колев заврши со 15 поени. Кај Тиквеш, Бошалески имаше 17 поени, а Андерсон заврши со „дабл-дабл“ ефект од 14 поени и 16 скока.

Гостивар триумфираше на гостувањето против Ангели со 86-91, благодарение на феноменалната последна четвртина која гостите ја добија со 17-34.

 

Гостиварци беа предводени од неверојатниот Абрам со 34 поени и четири асистенции, а Димитриевски имаше „дабл-дабл“ од 13 поени и 10 скока. Кај Ангели, Богатиновски заврши со 21 поен и седум скока, а по 14 поени запишаа Кацарски и Ибраими.

Се вчитува...