Никола Јокиќ слободното време по НБА сезоната секое лето го користи за одмор во родниот Сомбор. И покрај тоа што во медиумите се прави слика дека тој во овој период ужива на сплавирање, е посветен на коњските трки и пие на концери до зори, сведоштвото на неговиот кум Небојша Вагиќ ја открива и посветеноста на српската кошаркарска мегаѕвезда.
Во разговор за „Меридијан спорт“, Вагиќ откри како изгледа еден тренинг на најкорисниот кошаркар во НБА со што станува јасно зошто е најдобар на светот и покрај тоа што не покажува голем атлетизам на теренот.
„Сите гледаат како Никола дојде во Сомбор, оди на коњски трки, на сплавирање, поминува време со друштвото, но не гледаат како тренира. По секкоја вечер, ние во седум, осум наутро сме на тренинг. Без исклучок. И тој секогаш е прв.
Можеби навечер ќе излезме, ќе одиме на концерт, на Дунав, но ниту еден тренинг за 10 години не сме пропуштиле. Никола е прв кој праќа порака наутро дали тргнавме, дали треба да се купи вода… И тоа се страшни тренинзи, не може да се прескокне серија и се тренира со огромни тежини. Тој тренира сериозно и најдобро знае дека ако не се тие тренинзи не може долго да опстане“, открива Вагиќ.
„Тоа што го прави во теретана вие не можете ни да го замислите. Тоа се страшни вежби. Спринтевите се, да кажам, најлошиот дел. Од нив ми се повраќа. Пред некој ден ме праша: „Дали трчавме 10 пати по 10 должини па лежевме 15 минути на под и не кажавм збор?“. Така беше. Тоа не го прави никој во Србија. Најдобар е на светот веќе со години и нема намера да запре.
Тој има талент како никој друг, но пред се упорен е како магаре. Поради тоа комбинацијата е смртоносна. Таков ментален склоп… Тоа е кај него скриено. Не сака да го покаже. Јасно е дека има челична глава за кошарка. А, кога на тоа ќе додадете и единствен талент и напорна работа, па ништо друго не ни може да излезе“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

