Вулверхемптон ќе мора да се снаоѓа без помошта на Матеус Куња на наредните четири средби по црвениот картон што Бразилецот го заработи на дуелот од ФА Купот против Борнмут.
Најдобриот фудбалер на „волците“ ги загуби нервите по еден конфликт со Милош Керкез, најпрвин туркајќи го, а потоа и удирајќи го противничкиот фудбалер.
Поради ова, наместо вообичаената санкција од три меча неиграње за директен црвен картон, Куња беше дополнително казнет за уште еден натпревар. Тој требаше да се врати по репрезентативната пауза, на дуелот со Ипсвич на 5 април, но поради дополнителната санкција ќе го пропушти и овој меч, па својот камбек на терените ќе го има на дуелот со Тотенхем на 13 април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА