Жил Кунде ќе ја заврши 2024 година како апсолутен рекордер во една фудбалска категорија – за најмногу одиграни минути во оваа календарска година.
Меѓународниот Институт за проучување во спортот (ЦИЕС) денеска ја објави листата од фудбалери со најголема минутажа во 2024 година, во која на врвот се наоѓа токму Кунде. Францускиот репрезентативец игра како централен дефанзивец или десен бек, а во годината во која Барса цело време се мачи со повреди тој беше убедливо најстандарден во таборот на каталонкиот гигант.
Ако настапи викендов против Атлетико Мадрид тој ќе стигне до неверојатна бројк од 70 одиграни натпревари во 2024 година, а Кунде досега на теренот минал 5.872 минути, речиси 300 минути повеќе од второпласираниот на ранг-листата, Јон Аријас од Флуминенсе.
Третопласиран е Федерико Валверде од Реал Мадрид со 66 одиграни натпревари, но Уругваецот и со двете одиграни средби на клупското светско првенство сепак нема да може да го стигне Кунде…
Most official senior game minutes, outfield players in 2⃣0⃣2⃣4⃣ calendar year 🦾
🥇 #JulesKounde 🇫🇷 & #FCBarcelona
🥈 #JhonArias 🇨🇴 & #Fluminense
🥉 #FedeValverde 🇺🇾 & #RealMadrid#vanDijk 🇳🇱 #Otamendi 🇦🇷 #Xhaka 🇨🇭 #Hancko 🇸🇰 #Torres 🇪🇨 #Rodon 🏴 #Saliba 🇫🇷
Top 2⃣0⃣s per league… pic.twitter.com/FF38kAaRyM— CIES Football Obs (@CIES_Football) December 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА