Барселона вечерва му гостува на Реал Сосиедад во второто коло од Ла Лига, нов меч на кој тренерот Чави нема да може да смета на најскапото засилување за одбраната, Жил Кунде.
Проблемот е добро познат, Барса не успева да го регистрира екс-фудбалерот на Севилја бидејќи каталонците го имаат надминато буџетот за плати што им е одобрен од Ла Лига согласно пријавените приходи за наредната сезона. Кунде од оваа причина го пропушти и дуелот од првото коло со Рајо Валјекано, кога единствено Французинот не беше регистриран, а зелено светло добија Левандовски, Рафиња, Кеси и Кристенсен.
Барса се надеваше на заминување на еден од напаѓачите, за Обамејанг се водат преговори со Челси, додека за Депај се разговараше за раскин на договорот пред трансферот во Јувентус, но и двата обиди се покажаа како неуспешни.
Проблем плус претставува клаузулата во договорот меѓу Кунде и Барса, со која Французинот ќе може да го раскине договорот и да си замине без отштета во нов клуб ако каталонците не го регистрираат најдоцна до 31 август. Тој како слободен играч ќе може да се пресели во друга екипа, но Барселона ќе остане без парите што ги плати на Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

