Кунг-фу старт во женски фудбал, повредената веднаш во болница (видео)

Прегруб старт го одбележа дуелот од женската француска фудбалска лига меѓу Лион и Ремс, при што Мелиса Ерера мораше да биде пренесена веднаш во болница по бруталниот дуел со Селма Баша.

Баша, која настапува за Лион, тргна со превисоко крената нога во дуелот и ја закачи Ерера, која по консултациите со лекарите мораше да биде префрлена во амбулантно возило и да замине во болница.

Судијата без размислување и додели црвен картон на Баша, која сега ја очекува и суспензија за ваквата бруталност…

Се вчитува...