КУП 1/16 ФИНАЛЕ: Вардар лесно против Саса, Пелистер го „урна“ Гостивар, победи и на Шкупи, Шкендија, Брегалница…

Најтрофејниот македонски клуб Вардар славеше кај САСА со 0-3 во првото коло од новото издание на националниот куп на Македонија. Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкупи успешно ја мина првата пречка во националниот куп, откако во воведното коло славеше на гостувањето кај Беласица со 1-3. Стрелци за чаирчани беа Адетунџи и Алварез. Во најинтересниот натпревар од првото коло Пелистер славеше на гостувањето кај Гостивар со 0-1. Битолчани до победата стигнаа во самиот финиш на натпреварот.

Најтрофејниот македонски клуб Вардар славеше кај САСА со 0-3. Шкендија рутински стигна до триумф на гостувањето во Струга кај Караорман со 0-3.

До рутинска победа стигна и Брегалница која триумфираше на гостувањето кај Слога Виница со 0-3. Уште од 8. минута штипјани поведоа со прекрасниот погодок на Иван Николов. Николов испрати вистинска „бомба“ од 25 метри за водство на Брегалница од 0-1.

Академија Пандев до врв ја наполни мрежата на Тетекс триумфирајќи со 0-6. Фортуна успеа во неверојатна голеада да слави над Борец со 5-3. За потсетување минатогодишните финалисти Македонија ЃП и Силекс беа слободни во првата рунда.

Струга ТЛ триумфираше на гостувањето против Вардар Неготино со 1-2 со головите на Абдулхади Јахја и Миклован Пере.

КУП 1/16 ФИНАЛЕ РЕЗУЛТАТИ: 

БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 1-3 

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 0-1

ТЕТЕКС – АК. ПАНДЕВ 0-6

СЛОГА В. – БРЕГАЛНИЦА 0-3 

К.САСА – ВАРДАР  0-3 

КОЖУФ – ТИКВЕШ 0-2 

ВАРДАР Н. – СТРУГА ТЛ 1-2

KАРБИНЦИ – ПОБЕДА 0-6

ФОРТУНА – БОРЕЦ  5-3 

КОЊАРЕ – РАБОТНИЧКИ 0-5

КАРАОРМАН – ШКЕНДИЈА 0-3 

ЗАЈАС – ВОСКА СПОРТ 0-3 службено

ЦРНО БУКИ – СКОПЈЕ 0-3 службено

ЉУБОТЕН – РЕНОВА 3-0 службено

* МАКЕДОНИЈА ЃП И СИЛЕКС како минатосезонски финалисти одат директно во 1/8 финале

Се вчитува...