Куп: Академија Пандев и Македонија ЃП ја бранат предноста за пласман во финале

Полуфиналната разврска во Купот на Македонија денеска ќе ги даде двата финалисти во најмасовното фудбалско натпреварување. Академија Пандев со два гола предност (3-1) патува за Кавадарци, каде Победа ќе биде домаќин, во обид да надомести за лошото издание од првиот дуел. Сепак, избраниците на Југослав Тренчовски се во добра форма и веруваат дека ќе успеат да ја задржат позитивата од првите 90 минути.

Вториот дуел се игра во Ѓорче Петров. Македонија ЃП обезбеди минимална предност (1-0) од гостувањето на „Младост“ во Струмица, но Беласица секако нема лесно да се предаде во биката за пласман во големото финале. „Лавовите“ играат добро на домашен терен, па составот на Ѓоко Хаџиевски ќе треба да одигра совршен меч за да успее да стигне до финалето.

КУП, ПОЛУФИНАЛЕ – РЕВАНШ МЕЧЕВИ (15.30)

Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА (1-0)

Кавадарци: ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-3) 

 

Се вчитува...