Куп: Академија Пандев, Пелистер и Ренова полуфиналисти

Академија Пандев ја продолжува својата одлична сезона со пласманот и во полуфиналето на Купот на Македонија. „Пандевци“ го совладаа Тетекс со 4-1 во реванш мечот и на доминантен начин се пласираа меѓу четирите најдобри екипи, откако и на првиот дуел во Тетово славеа со 0-2.

Ганчев го отвори резултатот во 21.минута, Стоилов зголеми на 2-0, а Боувен го постигна третиот гол за Академија Пандев. Меритон се запиша во листата на стрелците за Тетекс, а Михаилов го постави конечниот епилог на овој меч.

Akademija Pandev - Teteks 3

Актуелниот освојувач Пелистер излезе поуспешен во пелагониската битка и ја елиминира Победа. На денешниот меч на кој прилепчани беа домаќини под „Тумбе кафе“, Пелистер ремизираше 2-2 против Победа, но пресуден беше првиот дуел што го доби со 5-2.

Илијовски и Недановски беа стрелци за Победа на денешниот дуел, а Пелистер го слави Бразилецот Жаделсон кој беше двоен стрелец за битолскиот прволигаш.

Ренова го совлада Скопје со 1-2 и на денешниот реванш во Скопје, откако допатува со два гола предност (0-2) од првата средба. Ѓурчиновски го доведе домаќинот во водство, но Рамадани и Јусуфи возвратија за втор триумф на Ренова на четвртфиналниот двомеч со Скопје.

Во четвртиот дуел од четвртфиналето, Шкендија го чека подобриот од осминафиналната пресметка меѓу Вардар и Шкупи. Првиот меч од ова осминафинале се игра утре, со почеток во 13 часот.

Се вчитува...