Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“: Четири тима, еден трофеј

По едногодшина пауза Купот кој од оваа година ќе го носи името „Благоија Георгиевски – Буштир“ се враќа во етерот со два полуфинални натпревари во женската конкуреција во кои силите ќе си ги одмерат Бадел 1862 и Крива Паланка, односно Баскет КАМ и Вардар. Сите дуели ќе бидат со директен пренос на МТВ 3.

КУП НА МАКЕДОНИЈА
“Благоја Георгиевски – Буштур”

07.05.2021

ПОЛУФИНАЛЕ:

БАДЕЛ 1862 ? Крива Паланка

? 14:00ч

Баскет Кам ? Вардар

? 17:00ч

?СРЦ Кале

? МРТ 3 – Пренос во живо на сите натпревари!

Posted by Women Basketball Club Badel 1862 on Thursday, May 6, 2021

Првиот натпревар во кој ќе се сретнат нашиот најтрофеен клуб, Бадел 1862 и Крива Паланка е со почеток од 14 часот, дуел кој за „баделки“ е прв чекор кон враќање на Куп трофејот по тригодишна пауза во своите витрини. Меѓусебените дуели од регуларниот дел од сезоната му припаднаа на далеку поискусниот тим од Скопје, кој славеше со 77-41, односно 67-89 па фаворитската улога му припаѓа на составот на Стамевски, но Куп средбите се полни со изненадувања, а токму на тоа се надеваат избраничките на Ивановски.

КОШАРКАРСКИ КУП “Благоја Георгиевски Буштур” 2021

Posted by Кошаркарски клуб “Вардар” on Thursday, May 6, 2021

Три часа подоцна, од 17:00 по дуелот на Баскет КАМ и Вардар ќе биде познат и вториот финалист. „Црвено-црните“ се бранители на трофејот, но на избраничките на Антиќ нема да им биде воопшто лесно против мотивираниот тим од Македонска Каменица. Баскет КАМ оваа сезона во два наврата славеше против скопскиот тим со 66-89 и 81-68, а на крилјата на преискусната Митрашиновиќ, избраничките на Ашаданов ќе се обидат да ја поминат првата пречка кон закитување на одличната сезона со трофеј.

Се вчитува...