Со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Кожув денеска од 12 часот во СРЦ „Кале“ започнува јубилејното 30. издание на Купот на Македонија кој од неодамна го носи називот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во чест на легендата на македонската кошарка.
Како што е познато, Купот е натпреварување кое што е можеби и најинтересно од натпреварувањата во овој спорт бидејќи е неизвесно и секој може да стигне до трофејот. Фаворитската улога постои само на хартија и тоа е докажано многупати низ историјата, а последен доказ за тоа е бранителот на трофејот од ланското издание, екипата на ТФТ која во три дена успеа да слави против првите три екипи на табелата за прв трофеј во својата историја.
На јубилејното издание на Купот своја „трофеј битка“ ќе водат МЗТ Скопје и Работнички, нашите најтрофејни тимови кои се изедначени во натпреварувањето со по десет трофеи. Доколку самиот трофеј не е доволна мотивација, престигнувањето на „вечниот ривал“ ите како е нешто што носи елан за дополнителна радост на верните навивачи.
View this post on Instagram
Битка помеѓу вечните е можна уште во полуфиналето, но за да дојде до неа „сино-белите“ прво мора да слават против незгодниот Кожув, а Работнички да го елиминира актуелниот шампион ТФТ во последниот натпревар од богатиот ден кој започнува од 19 часот и 30 минути.
Покрај овие две четвртфинални средби ќе бидат одиграни и дуелите на Феникс 2010 и Гостивар (14:30) и Пелистер и Еуро Никел (17:00). Интересно токму кавадарчани и гостиварчани се оние кои ги пратат „вечните“ по бројот на трофеи со по две освоени титули, но за да се надеваат на третата треба прво да ги поминат незгодните ривали. Феникс 2010 во својата втора година во Купот влегува засилен со два нови кошаркари, додека Пелистер со поука од елиминацијата во првиот натпревар во последните две години веќе знае дека фокусот мора да биде на теренот од првата минута.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА