КУП: Драматичен пенал рулет во Тетово, Македонија ЃП во ново финале!

Македонија ЃП ќе има можност да го брани Куп трофејот откако денеска на пенали се пласираше во финалето, елиминирајќи ја Шкендија во Тетово. Во регуларниот дел беше 1:1, а по изведувањето на пенали 4:3 за „лавовите“.

Чинари ја почна серијата со промашување, односно одбрана на Стевковски, па погоди Мишевски. Во втората серија Милев стартуваше со гол, а Личина го префрли голот. Во третата серија Шала беше прецизен, а исто и Алексовски. Тотре во четврата серија беше прецизен, а Да Силва промаши, Талески му го одбрани ударот. Во петтата серија Дориев го промаши голот, а прецизен беше Фазли. Се премина на шеста серија во која промаши Чака, односно ја погоди пречката, а Самаке прецизен за ново финале на Македонија ЃП.

Претходно прво историски финале обезбеди тимот на Струга ТЛ кој минимално со 1-0 го совлада тимот на Силекс на свој терен.

Се вчитува...