Богатата четвртфинална серија во првиот ден на Купот на Македонија кој од оваа година ќе го носи името Благоја Георгиевски Буштур ќе биде комплетирана со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Куманово од 19 часот и 30 минути.
Со оглед на системот на натпреварување во Купот, тимот со најдолга клупа има блага фаворитска улога, а тој епитет му припаѓа на МЗТ Скопје. Но за „сино-белите“ да се најдат во позиција на враќање на трофејот во своите витрини мораат прво да слават против Куманово.
„Во однос на натпреварот во четвртфиналето, нашиот фокус во моментов е само Куманово. Видовме пред само една седмица дека станува збор за исклучително енергична екипа која може да се натпреварува на секое ниво со секој противник. Ни покажаа и на нас во нашата сала, видовме дека се квалитетни и нашиот фокус е на нив. МЗТ како екипа и како ростер секогаш ќе настојува да атакува на титула, но мораме да одиме чекор по чекор. Се надевам на успех во тој натпревар, а потоа и на успешна подготовка за секој нареден. Искрено верувам во квалитетот на нашите играчи кои изинатиот период покажаа едно високо ниво на квалитет на теренот, со агресивност, работа и брзина. Имаме шест репрезентативци, имаме квалитетни странски играчи и сметам дека со право носиме една од фаворитските улоги – и како задоволство и како товар. Носиме обврска да ги напаѓаме пехарите и се надевам дека пехарот ќе го крене екипа со дрес во сино-бела комбинација“, изјави тренерот на аеродромци, Дарко Радуловиќ.
„Мислам дека на Куп-натпреварите нема фаворит и не секогаш победува фаворитот. Ние како МЗТ имаме обврска да го дадеме максимумот на секој натпревар. Во моментов се подготвуваме против Куманово, се надевам на победа, а понатаму ќе видиме ко кого би играле“, додаде капитенот Стојановски.
МЗТ Скопје беше далеку поквалитетен противник на првиотм меѓусебен натпревар оваа сезона, но куамновци одлично одоговрија во вториот меч, освојуваќи го домот на „штрковите“. Добрата игра од „Јане Сандански“, Куманово ќе се обиде да ја пренесе и на отварањето на Купот.
„Куманово имаше напорна сезона со оглед на тоа дека се натпреварувавме и во Балканската лига. Пред почетокот на Купот, како што кажа и Даре, се подготвуваме само за МЗТ. Очекуваме добра игра, претходните два натпревари во сезоната ги добивме со 1-1. Ќе се сложам дека пехарот ќе го крене екипа со сино-бела комбинација. Ќе ветам добра игра од наша страна и нека победи подобриот“, изјави Дарко Петковски.
„Можам само да ветам пред играчите дека ќе дадеме се од себе и ќе вложиме максимални напори против МЗТ, ако е доволно за победа тогаш супер. Не чувствуваме притисок, но имаме високи амбиции и се надевам дека ќе стигнеме до недела“, додаде капитенот Андрејевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА