Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт славеа на домашен терен против Борусија Менхенгладбах во најинтересниот меч од првиот термин вечерва во Националниот куп на Германија.
Домаќините иако беа со играч помалку уште од 15. минута кога директен црвен картон доби Теате, сепак стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Екитике во судиското надополнување во првиот дел. Гостите израмнија на 1-1 преку Иракура во 47. минута, додека конечните 2-1 ги постави Мармуш во 70. минута.
Frankfurt [2]-1 Monchengladbach – Omar Marmoush 70'
byu/MeladroitTV insoccer
Во останатите мечеви: Фрајбург – Хамберугер 2-1, Херта – Хајденхајм 2-1 и Падерборн – Вердер 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА