Баерн Минхен беше елиминиран во претходната фаза од Купот на Германија, а првиот четвртфинален дуел донесе и ново големо изненадување откако Баер Леверкузен загуби на гостувањето против нисколигашот Есен со 2-1.
Мечот беше решен во продолженија од двапати по 15 минути, откако „фармацевтите“ промашија неколку стопроцентни шанси (Шик ја имаше најубавата, кога од пет метри со глава биеше во дирекот). Баер подобро го отвори продолжението и преку Бејли во 105. минута дојде до предност, но Есен го шокираше фаворитот со два гола во второто продолжение, во кое домаќините преку Кефкир и Енгелман стигнаа до место во полуфиналето.
Таму ќе се најде и второлигашот Холстен Кил, кој во осминафиналето го елиминираше Баерн, а денеска по подобро изведување на пенали го елиминираше Дармштад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

