Куп на Германија: Прволигашите без изненадување

Вечерва се одиграа четири натпревари од 1/32 финалето во Купот на Германија, каде што сите три прволигаши обезбедија пласман во следната фаза, а таму оди и еден третолигаш.

Вердер Бремен на гостински терен беше подобар од Енерџи Котбус со 1-3, додека Волфсбург минимално со 0-1 го совлада тимот на Кобленц.

Офенбах оди во следната фаза откако го елиминираше Магдебург со 2-1. Ајнтрахт Франкфурт, пак, го декласираше Ајнтрахт Браншвајг со 1-4 и се пласираше во идната фаза.

Се вчитува...