Куп на Германија: Волфсбург исфрлен од Кил, Хамбургер и Херта во следна фаза

Екипата на Волфсбург ги заврши настапите во Купот на Германија, откако беше елиминиран од Кил во 1/16 финалето. Второлигашот ја искористи предноста од играч повеќе, и од пенал го исфрли фаворитот. Селт во 36. минута беше исклучен, а во 42. минута Бернхардсон погоди од белата точка за конечен триумф.

Во следната фаза патува и тимот на Хамбургер, кој исто така имаше играч повеќе во дуелот со Хаденхајм и тоа го искористи со гол исто така од пенал. Глатцел шутираше прецизно од 11 метри во 83. минута за триумф на ХСВ.

Во 1/8 финале се пласираше и тимот на Херта која со 3-0 го совлада Елверсберг. Дербито помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд заврши 1-1 во регуларниот дел, и замина во продолженија.

Се вчитува...