КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ: Вардар на гости во Форино, Работнички со Велазерими

Скопски Вардар ќе гостува против Вардар во Форино во 1/16-финалето од Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија.

Од останатите двојки, интересно ќе биде и во Охрид каде ќе гостува Ренова, додека Работнички ќе биде гостин на Велазерими во Кичево. Силекс ќе се соочи со екипата на Тетекс.

Поради тоа што минатогодишното издание од Купот на Македонија не го доживеа својот крај, екипите кои стигнаа до полуфиналето Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Лум ќе бидат слободни во 1/16-финалето обезбедувајќи директно место во осминафиналето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

Поради пандемијата со Covid-19 ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23. септември од 15:30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (1/16-ФИНАЛЕ)
Велазерими – Работнички
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар Скопје
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Кит Го – Скопје
Победа – Македонија ЃП
Љуботен – Пелистер
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица

Се вчитува...