Прволигашите Академија Пандев, Пелистер, Победа, Ренова и Скопје се изборија за четвртфинале во Купот на Македонија по денешните реванш осминафинални пресметки. Шкендија и Работнички, пак, во моментов на пенали одлучуваат за пласманот понатака откако пресметката во Тетово заврши без победник (1-1), идентично како на првиот дуел во Скопје.
Академија Пандев убедливо во Струмица со 5-0 славеше против кратовски Силекс, повеќе од доволно за пат меѓу осумте најдобри екипи во најмасовното домашно клупско натпреварување. Хет-трик на дуелот запиша Зоран Балдовалиев со головите во 42., 60. и 93. минута, а по еден гол постигнаа Љупчо Дориев во 81. минута и Александар Мишов во 86. минута.
Шкендија на дуелот со Работнички поведе уште во 4. минута со голот на Марјан Радески, на асистенција на Бесарт Ибраими…
Но, кога најмалку очекуваа домашните, Работнички израмни со прекрасниот гол на Херера во 80. минута од средбата…
Со убедлува победа од 5-1 патот кон четвртфиналето си го обезбеди и прилепска Победа која славеше против Брегалница.Пелистер, пак, славеше против Борец во Велес со 1-3 со головите на Јован Попзлатанов, Баже Илијоски и Оливер Пеев, додека единствениот гол за домашните го постигна Ѓорѓи Танушев.
РЕЗУЛТАТИ КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (реванш дуели)
Струга Трим Лум – РЕНОВА 2-2 (2-3)
ШКЕНДИЈА – Работнички 1-1 (1-1) – по пеналите: 3-2
ПОБЕДА – Брегалница 5-1 (3-2)
Борец – ПЕЛИСТЕР 1-3 (2-4)
Еуромилк ГЛ – СКОПЈЕ 0-3 (0-3)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – Силекс 5-0 (0-1)
ВЧЕРА
ТЕТЕКС – Кожуф 3-2 (2-2)
-
Во заградата се резултатите од првите средби
ВАРДАР – ШКУПИ (8. и 29. ноември)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА