Алкалоид со импресивно офанзивно издание славеше со 48-28 над Алкалоид обезбедувајќи пласман во финалето од својата група од Купот на Македонија. Тимот на Кире Лазаров во мечот за место на фајналфор ќе се сретне со Бутел откако „бутелци“ славеа во својата пресметка со Струга со резултат 24-18.
Разликата во квалитет овозможи Лазаров да им даде шанса на сите ракометари, Алкалоид на тој начин одржа силно темпо во текот на сите 60 минути, што резултираше со дури 48 постигнати погодоци. Младиот Дамјан Митев постигна осум гола за Алкалоид, исто толку имаше и Бинго, додека Мартин Димовски го заврши натпреварот со шест погодоци. Најефикасен на мечот беше гостинскиот ракометар Адамовиќ со 13 погодоци.
Струга изненади откако целосно му парираше на Бутел во првото полувреме. На одмор се замина со израмнети 9-9, но домашните ракометари конечно го скршија отпорот на незгодните гости откако поведоа со 14-11 во раната фаза од вториот дел и си го трасира патот кон триумфот. Субашевски со седум погодоци го предводеше Бутел во овој триумф, додека најефикасен кај стружани беше Бошњак со десет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА