Бутел е првиот финалист во групата Б од Купот на Македонија откако во мечот против Скопје славеше со 25-20. Ракометарите на Грчевски важеа за фаворити на овој дуел и ја оправдаа улогата со одлична игра и постојана контрола на резултатот за рутинска победа на крајот.
Текот на мечот Бутел го назначи уште од самото отварање во кое рано стигна до предност, а како што минуваа минутите истата постојано се зголемуваше за високи 18-11 на полувремето. Вторите 30. минути не донесоа промена на паркетот, Скопје постојано бркаше негатива која во еден момент ја сведе на 20-14, но немаше сили за дополнително приближување.
„Сино-белите“ возвратија со неколку мини серии со кои ја вратија највисоката преднсот и ги решија сите дилеми за патникот во финалето од групата фаза.
Мајиќ со седум гола и Спасовски со пет беа лудери на Бутел, додека за Скопје по четири гола постигнаа Петрески, Пешкирски и Тркалевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА