КУП НА МАКЕДОНИЈА: Четири гола на струмичкиот „Супер Марио“, само Вардар не победи од фаворитите!

Единствено Вардар од фаворитите не успеа да дојде до триумф во првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија. Победи запишаа Шкендија, Академија Пандев, Работнички, Беласица, Победа и Силекс веќе со една нога сместувајќи се во четвртфиналето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

На дуелот кој се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, „лавовите“ до предност дојдоа во 13. минута со голот на поранешниот „вардарец“, Христијан Кировски. Конечни 1-1 ги постави Бразилецот Лира во 72. минута од средбата.

Најубедливата победа ја запиша Академија Пандев која славеше со убедливи 2-6 на гостувањето против Брегалница во Штип и тоа со четири гола на „Супер Марио“. Марио Крстовски во 5. и во 12. минута донесе брзо водство за Академија Пандев на гостувањето во Штип, а Брегалница успеа да ја намали предноста со голот на Лазе Илиев во 22. минута од натпреварот.

Во вториот дел нови два гола на феноменалниот Марио Крстoвски во 57. и во 68. минута, а за Брегалница погоди Иве Трифуновски во 58. минута. Томислав Илиев стрелаше во 88. минута за 2-5, а истиот играч ги постави конечните 2-6 во 93. минута.

Работнички триуфираше со 0-1 на гостувањето против Тиквеш со голот на Филип Петковски во 77. минута, иако „романтичарите“ од 58. минута играа и со играч помалку по исклучувањето на Андреј Лазаров.

Силекс со 0-2 славеше против Скопје на Автокоманда. Дарко Алексовски погоди за 0-1 за кратовци во 66. минута, а конечните 0-2 ги постави Алпај Јусуф во 85. минута.

Беласица славеше со 0-2 на гостувањето против Пелистер во Битола со головите на Стефан Сулев во 20. минута и Александар Милушев во 73. минута.

Победа победи со 1-2 на гостувањето против Гостивар. Антонио Каланоски со гол во 48. минута донесе предност за Победа, но Валон Зекири израмни во 64. минута. Победничкиот гол за прилепчани го постигна Нгали Јаник Макота во 86. минута.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (прво полувреме)

Тетово: ШКЕНДИЈА – КИТ ГО 2-0 (2-0)

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1 (0-1)

Битола: ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА 0-2 (0-1)

Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-0)

Скопје: СКОПЈЕ – СИЛЕКС 0-2 (0-0)

Гостивар: ГОСТИВАР – ПОБЕДА 1-2 (0-0)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ 2-6 (1-2)

КОРАБ – слободен

  • Реваншите се играат на 10. октомври

Се вчитува...