Четири тима денеска ќе се борат за пласман во финалето на Купот на Македонија, а со тоа можност да се борат за трофејот.
Струга Трим Лум против Македонија ЃП во Струга, и Пелистер ќе го дочека Силекс во Битола, се двата натпревари кои ќе одлучат кој ќе игра за големиот трофеј.
Се очекуваат две интересни и неизвесни пресметки на четири тима кои посакуваат финале, посакуваат битка за големиот трофеј. Едниот од четирите тима е второлигаш во името на Силекс, кој го брани трофејот освоен минатата сезона.
Струга Трим Лум е тимот кој ќе го брка излезот во Европа токму против Купот, додека Македонија ЃП и натаму има шанси преку првенството да го избори местото на меѓународна сцена. За Македонија ЃП да влезе во финалето „навиваат“ и Шкендија и Академија Пандев, со оглед дека доколку „лавовите“ успеат да изборат финале и го освојат трофејот, и тетовци и струмичани ќе излезат во Европа.
„Ова е меч за историја на домашен терен. Минатата година ја испуштивме таа шанса со Силекс, но, сепак, оваа година немаме друга шанса за излез во Европа и за овој меч максимално се подготвуваме. За Македонија ЃП имам голема почит, се работи за добра екипа кој под водство на Бајрами има одлични резултати. Но, на секоја серија во фудбалот ѝ доаѓа крај, па така се надевам дека сега ќе биде тоа случај со нашиот ривал“, изјави тренерот на стружани, Срѓан Захариевски.
„Лавовите“ во пролетниот дел од сезоната играат одлично, со надеж дека ќе продолжи серијата и со пласман во Купот. Македонија ЃП на патот кон полуфиналето го елиминираа Шкупи, еден од фаворитите за големиот трофеј, додека Струга ТЛ застана на патот на Шкендија.
Во вториот меч денеска во Битола, Пелистер ќе ги одмери силите со Силекс. Пелистер е нов второлигаш, додека Силекс е нов прволигаш. Битолчани сакаат да ја спасат колку толку оваа лоша сезона во првенството со тоа што би се пласирале во финалето, и би се бореле за големиот трофеј. Силекс, пак, како актуелен освојувач ќе се обиде да направи нова сензација и одново да влезе во финалето, и да се бори да го одбрани пехарот. Ако Силекс влезе во финале, тоа ќе биде прв актуелен второлигаш во историјата кој ќе игра финале на Купот.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/2 ФИНАЛЕ (еден натпревар)
ДЕНЕСКА 16:00
Струга: Струга ТЛ – Македонија ЃП
Битола: Пелистер – Силекс
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА