КУП НА МАКЕДОНИЈА: Дождот прави проблеми, можно ли е одложување?

Од 13 часот денеска се закажани 1/4 финалните пресметки во Купот на Македонија. Меѓутоа некои од натпреварите се под знак прашалник со оглед на силниот дожд кој паѓа речиси во текот на целата ноќ, и продолжи и претпладне.

Особено критично е на теренот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, кој и онака е во лоша состојба, а сега дождот дополнително ги отежнува работите. На тој терен треба да се сретнат екипите на Работнички и Шкупи.

Освојувачот Македонија ЃП планирано е на свој терен да го пречека тимот на Силекс. Во Кавадарци Тиквеш ќе треба да ја дочека АП Брера од Струмица, додека Брегалница во Штип го очекува меч со Воска Спорт.

Службените лица на ФФМ треба во најскоро време да објават дали ќе има одложување на некој или на сите натпревари закажани за денеска.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/4 ФИНАЛЕ

ДЕНЕСКА, 13:00 ЧАСОТ

Скопје, Маџари: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Скопје, Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ

Кавадарци: ТИКВЕШ  – АП БРЕРА

Се вчитува...