Куп на Македонија: Ќе постигне ли конечно гол Шкендија барем против Гостивар?

Актуелниот шампион Шкендија му гостува на Гостивар, а Работнички, Силекс, Борец, Ренова, Шкупи носат фаворитска улога во денешните натпревари од 1/16-финалето во Купот на Македонија.

По лошиот старт на сезоната во шампионатот од Првата лига, Шкендија конечно има можност за прва официјална победа сезонава и за прв постигнат гол.

Вардар својот натпревар против Саса во Македонска каменица го игра на 28. август.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (1/16-финале)

ДЕНЕСКА (17 ч.)

Фортуна – Силекс

Кожув – Ренова

Кравари – Лабуништа

Локомотива – Струга

Велазерими – Работнички

Превалец – Борец

Осогово – Победа

Гостивар – Шкендија

Тетекс – Шкупи

Саса – Вардар (28. август)

ПРЕТХОДНО:

Кит Го – Пелистер 1-1 (4-5 на пенали)

Црнилиште – Брегалница 0-22

Љуботен – Тиквеш 1-5

Се вчитува...