Во Охрид денеска се игра првиот натпревар од вториот полуфинален Куп натпревар. Воска Спорт ќе го дочека актуелниот освојувач на Купот, екипата на Македонија ЃП. За потсетување дека вчера на стадионот „Чаир“ во Скопје, првиот полуфинален меч меѓу Шкупи и Тиквеш заврши без голови.
Македонија ЃП ќе атакува на своето трето финале по ред, откако во изминатите две го подигнуваше пехарот во финалињата против Силекс и против Струга ТЛ. Тимот од Ѓорче е далеку поискусен, и има три пехари во ова натпреварување.
Од друга страна, пак, Воска Спорт го чека своето прво финале во Купот, и со едно финале да ја зачинат својата прва сезона во ПМФЛ. Двата тима во првенството не им оди најдобро, се борат за опстанок, па единствена шанса за излез во Европа гледаат токму преку Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА