Вардар – Металург и Пелистер – Бутел се полуфиналните двојки во Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во Куќата на ракометот. Бранителот на трофејот од 2019 година во големото скопско дерби ќе се сретне со лидерот на табелата во Суперлигата, додека во втората полуфинална двојка Пелистер ќе биде голем фаворит против Бутел.
Вардарци на патот до полуфиналето беа подобри од Текстилец, Тиквеш и Радовиш, додека „металурзите“ ги совладаа Куманово, Голден Арт КЛ7 и Работнички. Битолски Пелистер беше подобар од Вардар Неготино, Младост Богданци и Пролет, а Бутел ги прескокна Кичево, Јуниор КВ и Охрид.
Полуфиналните натпревари се закажани за 14. мај (петок), додека финалето ќе се игра два дена подоцна на 16. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА