Куп на Македонија: Мулти Есенс ќе го предизвика Тиквешд

Тиквеш и Мулти Есенс ќе се сретнат во финалето од групата 1 од Купот на Македонија, по победите што овие две екипи ги забележаа на денешните полуфинални пресметки во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Тиквеш во својот полуфинален дуел од групата го совлада составот на Е. Пелистер 2 со резултат 26-23. Кавадарчани одиграа одлично прво полувреме во кое поведоа со 17-12, по што го контролираа резултатот и во голем дел од второто полувреме. Гостите од Битола во финишот намалија на 24-22, но Тиквеш рутински го приведе мечот до крај за пласман во големото финале. Гачевиќ со шест гола беше најефикасен во победничкиот состав, додека кај битолчани најдобри поединци беа Хаџиќ со седум и Белистојановски со четири погодоци.

Мулти Есенс во дуел на две екипи од плејаут разигрувањето успеа да слави над Прилеп со 27-23. Скопскиот клуб го контролираше резултатот од самиот почеток, на пауза имаше предност од 15-13 што избраниците на тренерот Бочкаровски дополнително ја зголемија за конечна победа. Овој натпревар го одбележа одличниот Олег Јорданов од таборот на Мулти Есенс, кој постигна девет погодоци за победничкиот тим.

Се вчитува...