Ракометарите на Охрид, во комбиниран состав, без никаков проблем славеа против Шампион со убедливи 45-10 во елиминациското коло, со што се изборија за групна фаза во Купот на Македонија.
Победникот беше решен уште по првиот дел кога Охрид им дозволи само шест гола на противниците, а во второто полувреме домаќините примија и уште помалку погодоци, само четири.
Најдобри кај охриѓани беа Наум Костов со 12 гола и Никола Ристески со седум гола. Средниот бек Горан Крстевски исто така додаде седум. Кај Шампион, Ненад Билбилоски постигна пет гола.
Ракометарите на Куманово, исто така, без многу мака и со убедлива победа од 35-18 (18-9)против Астраион Струмица се пласираше во групната фаза.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Иван Димитров со 11 гола, како и младите Ангел Арсовски и Тино Стојановски со по пет, а кај Астраион, Кире Георгиев постигна седум гола.
Во групната фаза се пласираше и Радовиш кој исто така убедливо со 44-19 го победи Скопје 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА