Работнички сосема очекувано ја оправда фаворитската улога во 1/16-финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со дури 0-16 на гостувањето против Карбинци што претставува една од најубедливите победи во историјата на најмасовното домашно клупско натпреварување.
„Романтичарите“ се мачат во Првата лига, по три гола се уште без постигнат погодок и едно реми и два порази, па очигледно лутината сега ја „истурија“ на Карбинци со 16 погодоци во нивната мрежа. Стрелци на головите за Работнички беа Николовски, Далеи Кристојае, Демири, Мециновиќ и Хоџа сите по два погодоци, како и Кадриу, Асани, Жаку, Ангелов, Елези, Бошњаков.
Слична ситуација и со Македонија ЃП која со 0-14 победи на гостувањето против Љуботен.
Уште на стартот елиминација доживеа прволигашот АП Брера која на гостувањето во Охрид одигра 1-1 по регуларниот дел, а потоа загуби по изведувањето на пеналите со 5-3.
Убедливо триумфираше Силекс со 1-7 на гости против Евротип во Новаци за пласман во осминафиналето. Хрвановиќ постигна хет-трик за кратовци, два гола запиша Говедарица, а по еден Беровиќ и Алиќ.
Во осминафиналето се пласираше и Брегалница која со 0-6 славеше на гостувањето против Победа Валандово, како и Детонит Плачковица која со 1-4 победи на гости против Башкими 2008.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ
ОХРИД: Охрид – АП Брера 1-1 (пенали: 5-3)
ВЕЛЕС: Башкими 2008 Јаболчиште – Детонит Плачковица 1-4
КАРБИНЦИ: Карбинци – Работнички 0-16
НОВАЦИ: Евротип – Силекс 1-7
ВАЛАНДОВО: Победа (В) – Брегалница 0-6
СКОПЈЕ: Љуботен – Македонија ЃП 0-14
УТРЕ (27.08.2025 – 16 ч.)
СТРУМИЦА: Беласица – Арсими
2. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
КУМАНОВО: Шкендија (А) – Саса
3. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ПЕТРОВЕЦ: Пчиња – Новаци
ТЕТОВО: Тетекс – Пелистер
9. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ПРИЛЕП: Победа – Башкими
10. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ГЕВГЕЛИЈА: Кожуф – Шкупи
ТЕТОВО: Јени Мале – Шкендија
СКОПЈЕ: Скопје – Тиквеш
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

