Работнички има изненадувачко водство на полувреме на гостувањето кај Струга Трим и Лум од 0-1 во натпревар од осминафиналето во Националниот куп на Македонија. Стрелец на голот за водство е Крсте Велковски од пенал.
Вардар, Академија Пандев Шкендија и Шкупи веќе со една нога се во четвртфиналето откако имаат убедлива предност на своите натпревари. Најтрофејниот македонски клуб по првите 45 минути води против Фортуна со 3-0. Академија Пандев против Љуботен и Шкендија против Скопје веќе водат со 4-0, додека Шкупи има водство од 2-0 против Воска.
КУП 1/8 ФИНАЛЕ – ПРВО ПОЛУВРЕМЕ (14 ч.):
Струга ТЛ – Работнички 0-1
Тиквеш – Силекс 0-0
Брегалница – Пелистер 0-0
Шкупи – Воска 2-0
Ак. Пандев – Љуботен 4-0
Шкендија – Скопје 4-0
Вардар – Фортуна 3-0
19. октомври:
Победа – Македонија ЃП
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА