КУП НА МАКЕДОНИЈА: Шкендија и Брегалница убедливо во четвртфинале, и Шкупи и Силекс обезбедија место меѓу осумтте најдобри!

Шкендија, Брегалница, Силекс и Шкупи се првите четвртфиналисти во Купот на Македонија откако триумфираа во регуларниот дел од денешните осминафинални пресметки.

Шкендија триумфираше со 5-0 против Ренова. Црвено-црните уште во 4. минута поведоа со голот на Мерџани, а во 20. минута Денис Шала зголеми на 2-0. Хебај зголеми на 3-0 во 41. минута, а во 45. минута Шала со својот втор гол заокружи на 4-0.





Конечните 5-0 ги постави Хебај со својот втор гол во второто полувреме.

Брегалница исто така славеше со 4-0 на пресметката против Охрид. Штипјани поведоа со 1-0 со голот на Ѓокиќ во 35. минута.

Во второто полувреме со автоголот на Цветаноски, Брегалница во 59. минута зголеми на 2-0, Андреј Кудијан во 69. минута зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Мартин Стојанов на асистенција на Маневски во 90. минута.

Шкупи се пласираше во четвртфиналето победувајќи го Тиквеш со 1-0, со голот на Цветаноски во 30. минута…

Пласман понатаму обезбеди и Силекс кој триумфираше со 1-3 на гостувањето против Беласица во Струмица.

На четири дуели пеналите ќе одлучуваат околу патникот во четвртфиналето. Академија Пандев и Македонија ЃП одиграа 1-1 во регуларниот дел, како и Струга ТЛ и Борец, а без голови е на дуелите во Битола меѓу Пелистер и Работнички и Вардар и Скопје.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (Осминафинале)

Ак. Пандев – Македонија ЃП 1-1 (следуваат пенали)

Брегалница – Охрид 4-0

Пелистер – Работнички 0-0

Шкупи – Тиквеш 1-0

Шкендија – Ренова 5-0

Струга ТЛ – Борец 1-1

Вардар – Скопје 0-0

Беласица – Силекс 1-3

Се вчитува...