Куп на Македонија: Шкендија тргнува против Јенимаале, Пелистер со Тетекс

Денеска е ден за ждрепки во Фудбалската Федерација на Македонија, па по утврдувањето а прволигашкиот распоред беа извлечени и двојките за првата рунда од Купот на Македонија.

Вардар како бранител на трофејот заедно со уште неколку екипи од Првата лига ќе се приклучи на куп-натпреварувањето од второто коло, но сепак во првата рунда имаме голем дел од тимовите од елитното друштво.

Шкендија ќе го стартува купот со гостување против Јенимаале, Работнички ќе му гостува на Карбинци, а интересно се очекува да биде на дуелот меѓу Тетекс и Пелистер.

ДВОЈКИ ЗА КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1. КОЛО

Башкими – Детонит Плачковица

Шкендија Арачиново – Саса

Беласица – Арсими

Јенимаале – Шкендија

Карбинци – Работнички

Евротип – Силекс

Победа Валандово – Брегалница

Тетекс – Пелистер

Охрид – Брера

Љуботен – Македонија ЃП

Скопје – Тиквеш

Кожуф – Шкупи

Пчиња – СЛОБОДНА

Се вчитува...