КУП НА МАКЕДОНИЈА: Шкендија води со Работнички на полувремето, Брегалница води со 6-0 за 45 минути (ВИДЕО)

Вардар и Македонија ЃП играат без голови по првото полувреме во осминафиналето од Купот на Македонија, а Шкендија со пресврт има предност од 1-2 на гостувањето против Работнички во Скопје. Брегалница е веќе во четвртфиналето откако по првиот дел веќе има убедлива предност од 6-0 против нисколигашот Јанг Тим од Струга.

На натпреварот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, Работнички поведе против Шкендија во 9. минута со голот на Влатко Стојановски.

Но, потоа се беше во знакот на тетовци кои најпрво израмнија во 15. минута со голот на Клисман Цаке, а потоа Дашмир Елези во 43. минута постигна мајсторски гол со лоб-удар од 16 метри за предност и од 1-2.

Брегалница има 6-0 на мечот во Штип на кој младиот Иван Глигоров ги постигна првите два гола за водство, а деби гол за „сините“ има и Колев.

И Силекс е веќе со една нога во четвртфиналето по предноста од 2-0 против Башкими во Кратово со двата гола на Антонио Каланоски.

Водство уште има и за Шкупи од 1-0 против Охрид.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – Осминафинале (прво полувреме)
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ЈАНГ ТИМ 6-0
Глигоров 1′, 9′, Ѓорѓиев 15′, М. Димитриевски 21′, Колев 38′, Канформ 45′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-2
Стојановски 9′ – Цаке 16′, Елези 43′
Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-0
Скопје: ШКУПИ – ОХРИД 1-0
Дуду 17′
Кратово: СИЛЕКС – БАШКИМИ 2-0
Каланоски 10′, 13′
Струмица: АП БРЕРА – ГОСТИВАР 0-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 0-0

Се вчитува...