Екипите на Пелистер и Новаци се пласираа во осминафиналето од Купот на Македонија по денешните победи во 1/16-финалните дуели на гостувањата против Тетекс односно Пчиња.
„Пелистерци“ до пласман во осминафиналето дојдоа со пресврт откако Николовски во 35. минута погоди за 1-0 за Тетекс. Но, во второто полувреме, најпрвоо Стојановски во 52. минута успеа да израмни на 1-1, а победата од 1-2 за Пелистер ја донесе поранешниот македонски репрезентативец Стефан Спировски.
Новаци, пак, со 0-3 славеше на гостувањето против Пчиња. Антонио Марцевски постигна еден а Стефан Каревски два гола во победата на Новаци.

Претходно, во осминафиналето од Купот на Македонија место веќе обезбедија и Работнички, Силекс, Охрид, Детонит Плачковица, Беласица, Брегалница, Шкендија Арачиново и Македонија ЃП, а директно место во осминафиналето имаат минатогодишните финалисти Вардар и Струга ТЛ.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ
ОХРИД: Охрид – АП Брера 1-1 (пенали: 5-3)
ВЕЛЕС: Башкими 2008 Јаболчиште – Детонит Плачковица 1-4
КАРБИНЦИ: Карбинци – Работнички 0-16
НОВАЦИ: Евротип – Силекс 1-7
ВАЛАНДОВО: Победа (В) – Брегалница 0-6
СКОПЈЕ: Љуботен – Македонија ЃП 0-14
СТРУМИЦА: Беласица – Арсими 2-2 (по пенали: 3-2)
КУМАНОВО: Шкендија (А) – Саса 1-1 (по пенали: 5-4)
ПЕТРОВЕЦ: Пчиња – Новаци 0-3
ТЕТОВО: Тетекс – Пелистер 1-2
9. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ПРИЛЕП: Победа – Башкими
10. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ГЕВГЕЛИЈА: Кожуф – Шкупи
ТЕТОВО: Јени Мале – Шкендија
СКОПЈЕ: Скопје – Тиквеш
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

