КУП НА МАКЕДОНИЈА: Струга ТЛ со предност на полувремето, без голови во Ѓорче Петров и во Кратово (ВИДЕО)

Фудбалерите на Струга ТЛ единствени имаат предност од 1-0 на полувремето против Брегалница на дуелите од четвртфиналето во Купот на Македонија.

Стружани до предноста дојдоа уште во 2. минута со голот на Едис Малиќи.

На дуелите во Ѓорче Петров меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев и во Кратово, меѓу Силекс и Вардар, нема голови.

Натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија е прекинат и нема да се доигра, поради тешкиот инцидент кој се случи уште во 10. минута на Чаир по водството на Шкендија од 0-1 со голот на Дашмир Елези.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (прво полувреме)
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 0-1 (ПРЕКИНАТ)
Елези 9′
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Малиќи 2′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 0-0

Се вчитува...