КУП НА МАКЕДОНИЈА: Третолигашот Шкендија Арачиново го шокираше Работнички, победи за Вардар, Шкупи, Брера… (ВИДЕО)

Фудбалерите на третолигашот Шкендија Арачиново го приредија најголемото изненадување во првата рунда од годинашното издание на националниот Куп на Македонија, откако денеска на домашен терен го шокираа Работнички со 2-0. Натпреварот го одбележа мајсторскиот гол со лоб удар од 15 метри кој го постигна Љупчо Трпески за водство на домашните од 1-0. Конечните 2-0 ги постави Алии во 85. минута.

Најтрофејниот клуб Вардар славеше со 0-2 на гостувањето кај Новаци. Шкупи славеше со убедливи 0-8 на гостувањето кај Џепчиште, додека до лесни победи стигнаа и Брера против Вардар Неготино 0-4, Брегалница со Слободен 0-6, Jeни Маале – Шкендија 0-5 и Беса против Охрид 1-5.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/16 ФИНАЛЕ:

БОРЕЦ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-1

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 0-1

ЈЕНИ МААЛЕ – ШКЕНДИЈА 0-5

КАРБИНЦИ – СИЛЕКС 1-4

КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – АРСИМИ 1-2

НОВАЦИ – ВАРДАР 0-2

ОХРИД – БЕСА 1-5

ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – РАБОТНИЧКИ 2-0

СЛОБОДЕН – БРЕГАЛНИЦА 0-6

СЛОГА ВИНИЦА – СТРУГА 1-6

ВАРДАР НЕГОТИНО – АП БРЕРА 0-4

ЏЕПЧИШТЕ – ШКУПИ 0-8

02.10.2024 ГОДИНА 

ПОБЕДА – ГОСТИВАР 

БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 

БАШКИМИ – ВОСКА 

СЛОБОДЕН: ТИКВЕШ 

Се вчитува...