Куп на Македонија: Три првологашки пресметки – Вардар против „пандевци“ во Струмица

Гостувањето на Вардар против Академија Пандев во Струмица, се чини, е најинтересната пресметка од денешните осминафинални дуели во Купот на Македонија.

Покрај овој дуел меѓу „пандевци“ и „вардарци“, уште две прволигашки пресметки се на програмата, меѓу Струга Трим Лум и Работнички во Струга, како и онаа меѓу Ренова и Пелистер која ќе се игра на теренот во село Голема Речица.

Поради реконструкцијата на теренот во Тетово, Шкендија во Гостивар ќе биде домаќин на истоимениот второлигаш, а повеќе од интересен мегдан ќе има и во Штип каде Брегалница ја пречекува Беласица. Шкупи ќе биде домаќин на Кит Го на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (денеска, 14:30 ч.)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР

Штип: БРЕГАЛНИЦА – БЕЛАСИЦА

Г. Речица: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

Гостивар: ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ШКУПИ – КИТ ГО

Гевгелија: КОЖУФ – СИЛЕКС

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – КАМЕНИЦА САСА

Се вчитува...