Актуелниот освојувач на трофејот во Купот на Македонија, Вардар денеска ќе го пречека ГФК Охрид во четвртфиналниот меч од новото издание. Вардарци кои што не се поразени сезонава одат на нов триумф и запишување на ново полуфинале во најмасовното натпреварување во Македонија.
Од друга страна ГФК Охрид игра исто така одлична сезона и во моментов се првопласирани во второлигашкото друштво. Затоа амбициите на клубот растат, па тие ќе дадат се од себе да стигнат до изненадување против големиот фаворит.
Во вториот натпревар од денешната понуда Шкендија Арачиново ќе се сретне со Работнички. Арачиновци исто така се во трка за директен пласман во ПМФЛ. Од друга страна Работнички игра катастрофално во ПМФЛ и е на чекор до испаѓање, но во купот е сосема поразлично. Романтичарите одиграа сигурно во сите натпревари сезонава, па сега одат на победа и против Шкендија Арачиново за пласман меѓу четирите најдобри тима во ова натпреварување.
И двата меча се со почеток во 14 часот.
КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/4 ФИНАЛЕ:
24.02.2026
14.00 ВАРДАР – ГФК ОХРИД
14.00 ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – РАБОТНИЧКИ
25.02.2026
14.00 ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – СИЛЕКС
18.03.2026
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

