Екипата на Струга ТЛ е на прагот на ново финале во Купот на Македонија, по она во 2023 година. Денеска од 16 часот во Струга гостува Шкендија. Стружани имаат предност од 2-1 по првата средбата во Тетово, која сега ќе мора да ја сочуваат ако сакаат финале во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Токму таа победа во Тетово од 1-2 дава голема надеж за пласман на стружани во големото финале.
„Победата на првиот меч во Тетово несомнено ни дава голем оптимизам за реваншот, кој утре го играме пред нашите навивачи. Се подготвивме максимално за овој натпревар, знаејќи ја важноста и тежината што ја има за нас како екипа“ – вели Ард Касами.
Најтрофејниот Вардар веќе е во финалето на Националниот куп, откако по првиот меч против АП Брера има голема предност од 3-0, па фудбалерите на Гоце Седлоски денеска ќе треба само рутински да ја завршат работата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА