Вардар е елиминиран во осминафиналето од Купот на Македонија откако загуби на дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари од Македонија ЃП со 0-1. Во четвртфиналето се пласираа и Работнички кој ја победи Шкендија, како и Шкупи, Тиквеш, Брегалница и Силекс. Пенали ќе се изведуваат во Струмица и во Охрид.
Македонја ЃП до победата од 0-1 против „вардарци“ и пласманот во четвртфиналето дојде со голот на Алији во 63. минута кој одлично се снајде по одбиената топка од голманот на домашните Гачевски по шутот од слободен удар на Мишевски.
Работнички, пак, со неверојатен пресврт триумфираше со 3-2 против Шкендија во повеќе од возбудлив натпревар.
„Романтичарите“ први поведоа на мечот уште во 9. минута со голот на Влатко Стојановски, но Шкендија пред полувремето со головите на Цаке и на Елези дојде до пресврт од 1-2.
Сепак, во второто полувреме, Работнички беше тој кој ја презеде иницијативата и со погодоците на Гандо во 48. минута, а потоа и на Мазари во 59. минута дојде до пресврт победа за пласман во четвртфиналето.
Брегалница лесно се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во Купот откако со неверојатен рекорд од 11-0 славеше против нисколигашот Јанг Тим од Струга. Здравков се одлучи да им даде шанса главно на младите сили на овој натпревар, кои ја оправдаа довербата, па Иван Глигоров постигна четири гола а во листата на стрелците се запиша и дебитантот Колев.
Шкупи без поголеми проблеми славеше со 4-0 против Охрид. Дуду погоди во првото полувреме, и во вториот дел Трапановски стрелаше во 76. минута, Куевен во 88. минута и Марио Младеновски заокружи на 4-0 во 90. минута.
И Силекс се пласираше во четвртфиналето победувајќи со 3-2 против второлигашот Башкими. Два гола постигна Антонио Каланоски, a еден беше дело на Анѓелески.
Тиквеш дојде до четвртфиналето благодарение на голот на Даниел Мојсов во 86. минута од натпревар кој одлично реагираше со глава по корнерот од левата страна.
На натпреварите во Охрид меѓу Воска и Струга ТЛ, во Струмица меѓу АП Брера и Гостивар ќе се изведуваат пенали, откако завршија без постигнат гол.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – Осминафинале
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
Алији 63′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ЈАНГ ТИМ 11-0
Глигоров 1′, 9′, 50′, 71′, Ѓорѓиев 15′, М. Димитриевски 21′, Колев 38′, Канформ 45′, 83′, Вебстер 79′, Д. Димитриевски 86′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 3-2
Стојановски 9′, Гандо 48′, Мазари 59′ – Цаке 16′, Елези 43′
Скопје: ШКУПИ – ОХРИД 4-0
Дуду 17′, Трапановски 76′, Куевен 88′, Младеновски 90′
Кратово: СИЛЕКС – БАШКИМИ 3-2
Каланоски 10′, 13′, Анѓелески 48′ – Бурхан 63′(п), Мергим 85′
Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-1
Мојсов 86′
Струмица: АП БРЕРА – ГОСТИВАР 0-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА