Главно неефикасни осминафинални натпревари во Купот на Македонија, по кои Вардар, Шкендија, Струга ТЛ, Гостивар, АП Брера, Арсими обезбедија место во четвртфиналето.
Вардар го елиминираше бранителот на трофејот во Купот, екипата на Тиквеш, победувајќи со 2-0 на арената „Тодор Проески“, па внесе барем малку светлина низ своите мрачни фудбалски денови оваа есен.
Победата за „црвено-црните“ ја донесе Дианеси со головте во 75. минута од средбата, и во третата минута од судиското продолжение.
Шкендија, пак, со 1-0 триумфираше против третолигашот Шкендија Арачиново со голот на Адеми во 73. минута.
Гостивар ја победи Брегалница со автоголот на Хаџи Кимов, а Брера славеше со 2-0 против Беса.
Струга ТЛ, исто така, се пласираше во четвртиналето по победата од 2-0 против Македонија ЃП, со головите на Таири во првото полувреме и Кехинде во петтата минута од судиското продолжение.
Арсими убедливо со 3-1 го победи прволигашот Воска Спорт, со головите на Авдули во 22. минута, Зеќири во 71. минута и Рамадани во 90. минута.
Силекс и Шкупи кој ќе продолжи понатаму во најмасовното домашно клупско натпреварување ќе одлучуваат по изведувањето на пеналите, исто како и Пелистер и Детонит Плачковица кои во регуларниот дел од мечот одиграа 1-1.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО 1-0
Адеми 73′
Скопје: ВАРДАР – ТИКВЕШ 2-0
Дианеси 75′, 90’+3
Струмица: АП БРЕРА – БЕСА 2-0
Миловановиќ 84′, Мато 90’+3
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 0-0 (по пенали: 4-3)
Скопје: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Хаџи-Кимов 62′ (аг)
Гостивар: АРСИМИ – ВОСКА СПОРТ 3-1
Авдули 22′, Зеќири 71′, Рамадани 90′ – Ларсон Томас 5′
Битола: ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1-1 (пенали: 1-4)
Масевски 76′ – Трајкоски 89′
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
Таири 25′, Кехинде 90’+5
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА