КУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар го предизвикува освојувачот Тиквеш

Денеска се играат сите осминафинални натпревари во Купот на Македонија. Се приклучува и тимот на Тиквеш како освојувач, и веднаш е пред тежок предизвик. Кавадарчани гостуваат на Вардар на Националната Арена „Тодор Проески“. Веќе ја вкусија горичината на поразот во првенството, а сега ќе имаат шанса за одмазда во Купот.

Финалистот, тимот на Воска Спорт игра против Арсими во Гостивар. Воска сака уште еден успех, но до него тешко дека ќе дојде, со оглед дека го нема тој квалитет од минатата сезона.

Прволигашка пресметка има и во Струмица. Екипата на Брера ќе го бара патот кон 1/4 финалето против Беса. Интересно и неизвесно ќе биде и во Кратово. Силекс игра на домашен терен со Шкупи.

Шкендија Тетово има барем на хартија полесна задача, и ќе игра со „братска“ Шкендија од Арачиново. Актуелниот првак Струга ТЛ ја пречекува Макеоднија ЃП, и обид за рехабилитација за убедливиот пораз од Силекс. Гостивар во Маџари ја чека Брегалница, а во Битола, Пелистер игра против Детонит.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/8 ФИНАЛЕ

ДЕНЕСКА, 14:00 ЧАСОТ

Струмица, стадион „Благој Истатов“: БРЕРА – БЕСА

Скопје, Нац. Арена „Тодор Проески“: ВАРДАР – ТИКВЕШ

Скопје, стадион „Борис Трајковски“: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА

Битола: ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКЕНДИЈА А.

Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

Гостивар: АРСИМИ – ВОСКА СПОРТ

Се вчитува...