Единствено Вардар, од фаворитите за пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија, денеска од 15 часот во Ѓорче Петров против Македонија ЃП ќе треба добро да се потруди за место меѓу осумте најдобри во најмасовното домашно клупско натпреварување.
По оние 1-1 од првиот натпревар во Маџари, на „црвено-црните“ ќе им биде сега неопходен најмалку погодок во Ѓорче Петров за пласман во следната рунда натпревари.
„Очекувањата се секогаш големи кога е во прашање Вардар. Покрај тоа што одиме на првото место, од нас се бара да атакуваме и на пехарот во Купот. Имаме 1-1 од првиот натпревар, и тоа значи дека утре ќе треба како знаеме да постигнеме еден гол. Верувам дека тоа ќе го сториме и дека ќе одиме во идната фаза од Купот. Играме добро, во добра форма сме, и јас верувам дека добрите резултати и победите од првенството ќе продолжат и во Купот“ – вели репрезентативецот Кристијан Тошевски.
За останатите прволигашки екипи, се чини, реваншите ќе бидат само формалност. Академија Пандев по оние 6-2 од првиот дуел со Брегалница во Штип сега во Турново ќе има само еден тренинг натпревар, а Шкендија, Беласица, Силекс, Победа и Работнички со предност и сериозна фаворитска улога се впуштаат на мегдан со противниците.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (реванш натпревари)
ДЕНЕСКА – 15 часот
Пехчево: КИТ ГО – ШКЕНДИЈА (0-2)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-0)
Струмица: БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР (2-0)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ (1-0)
Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ (2-0)
Прилеп: ПОБЕДА – ГОСТИВАР (2-1)
Турново: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА (6-2)
КОРАБ – слободен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА