КУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар против Охрид, Струга против Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ја одржа ждрепката за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија за сезоната 2025/2026, при што беа извлечени паровите што ќе ги одредат патниците кон полуфиналето и потенцијалниот пат кон трофејот.

Актуелниот бранител на титулата Вардар за противник го доби ГФК Охрид кој во моментов е лидер во Втората македонска фудбалска лига.

Во дербито на рундата Шкендија ќе се сретне со Струга ТЛ, а останатите два пара ги сочинуваат Шкендија Арачиново-Работнички и Детонит Плачковица – Силекс.

Во првото полуфинале ќе се сретнат победникот од дуелот Вардар/ГФК Охрид со победникот од Детонит/Силекс, додека во второто ќе играат Струга/Шкендија – Шкендија А./Работнички.

Четвртфиналните натпревари се играат на 25 февруари. Доколку резултатот биде нерешен по 90 минути, директно се изведуваат пенали. Полуфиналните двобои, пак, ќе се играат по системот дома-гости, а ќе бидат закажани во април месец.

Се вчитува...