КУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар со една нога во финалето, Струга со предност против Шкендија (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар со една нога веќе е во финалето на Националниот куп откако денеска на арената „Тодор Проески“ во Скопје славеше над АП Брера со убедливи 3-0.

„Црвено-црните“ поведоа со 1-0 со голот на Фаустин Сенгор во 26. минута. На 2-0 зголеми Mислав Матиќ во првата минута од судиското продолжение.

Конечните 3-0 беа дело на Горан Закариќ во 56. минута.

Далеку поинтересно беше во Тетово каде Струга Трим и Лум славеше над Шкендија со 1-2. Тетовци до водство од 1-0 стигнаа со неверојатниот погодок на Флорент Рамадани од корнер во 36. минута. На 1-1 израмни Хоган Укпа во 53. минута, додека конечните 1-2 ги постави Марјан Радески во 82. минута.

Се вчитува...