Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени паровите за четвртфиналните групи од Националниот куп. Како најинтересен се издвојува мечот меѓу Металург и Еурофарм Пелистер 2, а победникот од овој двобој за место на Ф4 ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Голден Арт КЛ7 и Работнички.
Првиот тим на Пелистер прво ќе се сретне со Младост, а потоа со подобриот од мечот меѓу Пролет и Прилеп. Вардарци веројатно поминаа најдобро на денешната ждрепка, бидејќи прво ќе играат со Тиквеш, а потоа со подобриот од мечот Радовиш – Астраион.
Во Г групата подобриот од „езерското дерби“ меѓу Охрид и Струга ќе игра со победникот од мечот меѓу Бутел и Кисела Вода.
ГРУПА „А“ Металург – Е. Пелистер 2 и Г. Арт КЛ7 – Работнички
ГРУПА „Б“: Е. Пелистер – Младост 1977 и Т. Пролет – Прилеп
ГРУПА „В“: Вардар – ГРК Тиквеш и Радовиш – Астарион
ГРУПА „Г“: Охрид – Струга и Бутел Скопје – Јуниор Кисела Вода
На Ф4 во женска конкуренција ќе се сретнат Куманово – Металург и Чаир – Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА