Со натпреварите од 1/16-финалето денеска од 17 часот стартуваат и вистинските возбудувања во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Денеска на програмата се 13 натпревари, а одложени се дуелите на Победа против Струга ТЛ и на Шкендија против Кожуф во Гевгелија, поради настапот во квалификациите за ЛЕ против Розенборг.
Вардар гостува на екипата на Вардар во Форино, додека лидерот по двете стартни кола во Првата лига, Академија Пандев гостува на Лабуништа во Струга.
Шкупи, пак, ќе биде гостин на новиот второлигаш Кит Го во Пехчево во желбата за пласман во следната рунда. Но, и од Кит Го нагласуваат дека се подготвени за надигрување со фаворитот во желбата да се дојде и до изненадување…
„Задоволни сме од првата победа во нашиот дебитантски настап во Втората лига. И пред натпреварот знаевме дека ќе биде тежок натпревар и дека Плачковица е искусна екипа. Иако јас бев стрелец на единствениот погодок на натпреварот кој значеше и прва победа за нашата екипа сепак за овој триумф заслужна е целата екипа и оваа победа ни дава мотив и за наредните натпревари со добра игра да остваруваме нови победи. Во екипата има навистина позитивна атмосфера па веруваме дека квалитетно ќе се претставиме пред нашите навивачи и на денешниот натпревар против Шкупи во Купот на Македонија. Знаеме дека Шкупи е фаворит но ние секако не се предаваме однапред“ – вели офанзивецот на Кит Го, Бобан Мариќ.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ (денеска, 17 ч)
Дебар: КОРАБ – БОРЕЦ
Кичево: ВЕЛАЗЕРИМИ – БЕЛАСИЦА
Неготино: ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ
Скопје: ФОРТУНА – РАБОТНИЧКИ
Струга: ЛАБУНИШТА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Пехчево: КИТ ГО – ШКУПИ
Новаци: ПОЕШЕВО – БРЕГАЛНИЦА (Ш)
Форино: ВАРДАР ФОРИНО – ВАРДАР
Кочани: ОСОГОВО – ПЕЛИСТЕР
Тетово: ТЕТЕКС – ГОСТИВАР
Кратово: БРАТСТВО ВЛАЗНИМИ – СИЛЕКС
Кавадарци: ТИКВЕШ – РЕНОВА
Велес: ПРЕВАЛЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струга: СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА (29. август)
Гевгелија: КОЖУФ – ШКЕНДИЈА (5. септември)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА