КУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар во група со Охрид, Еурофарм Пелистер со Тиквеш

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа одредени четвртфиналните групи во Купот на Македонија. Актуелниот шампион Вардар во групата за прв противник ќе го има Охрид кој немаше среќа на денешната ждрепка, а во овој сегмент се и Скопје 2020 и Јуниор Кисела Вода.

Вицешампионот Еурофарм Пелистер во групата 4 ќе биде дел со Тиквеш, Струга и Куманово. Дербито се очекува да биде меѓу Бутел и Алкалоид кои се најдоа во групата 3 со Прилеп и Вардар Неготино, додека во групата 2 силите ќе ги одмерат Еурфарм Пелистер 2 – Радовиш и Тинекс Пролет – Голден Арт.

Натпреварите од Купот на Македонија е предвидено да се играат на 17. и 18. март.

ГРУПА 1
Вардар – Охрид
Скопје 2020 – Јуниор К. Вода

ГРУПА 2
Е. Пелистер 2 – Радовиш
Т. Пролет – Голден Арт

ГРУПА 3
Бутел Скопје – Алкалоид
Прилеп – Вардар (Н)

ГРУПА 4
Е. Пелистер – Куманово
Тиквеш – Струга

Познати се групите и во женскиот куп на Македонија.

Куп на Македонија, жени, групи:

група 1
Чаир – Ѓорче Петров
Скопје – Спартак

група 2
Вардар – Шампион
Деспина – Кузман Вардар

група 3
Стружанка – Астибо
Овче Поле СУ – Металург

група 4
Пелистер – Гевгелија
Куманово слоб.

Се вчитува...