Куп на Македонија во ракомет: Бутел ќе ги нагости Охрид и Пелистер

Групата три во која домаќин ќе биде второлигашот Бутел дефинитивно ќе биде најинтересна од четирите во Купот на Македонија, кои ќе треба да ги дадат патниците на фајналфор турнирот од ова натпреварување.

Екипата на Бутел, која веќе обезбеди влез во елитното друштво, ја презеде организацијата на оваа група, па најпрвин ќе се сретне со Охрид, а потоа победникот од овој дуел во финалето од групата ќе игра со подобриот од мечот Делчево – Пелистер.

Вардар, кој е голем фаворит за пехарот, ќе биде домаќин на групата 1 во која се наоѓаат и Металург 2, Металург јуниор и Борец од Велес.

Работник не би требало да има проблеми во групата 2 во која во Битола ќе ги нагости Прилеп, Струга и Радовиш, исто како и Металург во групата 4, во која се најдоа уште и Вардар јуниор, Пролет и Вардар Неготино.

 

ГРУПА 1 (Домаќин Вардар):

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 2
БОРЕЦ – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

ГРУПА 2 (домаќин Работник)

РАБОТНИК – ПРИЛЕП
СТРУГА – РАДОВИШ

ГРУПА 3 (Домаќин Бутел)

БУТЕЛ – ОХРИД
ДЕЛЧЕВО – ПЕЛИСТЕР

ГРУПА 4 (Домаќин Металург)

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР Ј.
ПРОЛЕТ – ВАРДАР НЕГОТИНО

Се вчитува...